За нас

Компанијата “Оризарство” ДООЕЛ со седиште во Чешиново, Кочани, РМ е основана во 2004 година и располага со сопствена опрема за преработка на ориз со капацитет од 2,5 т. на час, откупен центар на оризова арпа, како и сопствен погон за пакување на ориз.

За компанијата

Компанијата, исто така, располага со високотехнолошки колор сортер со кој се овозможува селектирање на оризот со цел да се добие висок квалитет. На располагање имаме сопствен капацитет-сушара со кој се овозможува добивање идеален процент на влага на оризот. Компанијата поседува и опрема за експандирање на ориз и други житарки, како и технологија за производство на оризово брашно, интегрално оризово брашно од експандиран ориз и интегрално пченично брашно. На годишно ниво преработува и пласира од 4000 до 5000 т. оризова арпа (од 2000 до 3000 т. бел и кршен ориз). Во рамките на компанијата работи и млин за брашно , каде како финални производи се добиваат брашно, трици и сточна храна. Нашата компанија успешно соработува со деловни партнери од земјата и странство. Компанијата има сопствено претставништво во Р. Србија под називот “Оризарство ДОО” со седиште во Ниш на ул. Јована Ристича 17.

Имате прашања? Слободно побарајте не !
+389 33 355-020

© 2018 Сите права задржани. Orizarstvo

Веб дизајн и изработка KupiSajt.mk